GNU Linux Android Прва Помош 02 јули 2012, 19 до 21 часот, КИКА хаклаб

Драги наши,

Секој понеделник членовите на хаклабот КИКА несебично ги отвораат вратите за вашите проблемит и предизвици при користење на GNU/Linux или Android.

Повелете и овој понеделник од 19 до 21 часот во КИКА, и донесете го со вас хардверот кој ви создава главоболник заедно да најдеме решение.

Предусловот за тоа е исполнет, кодот го имаме и е слободен, останува да го дебагираме проблемот и да најдеме решение.

Најверојатно ќе ги средуваме компјутерите што ни го донира Македонски Телеком и воедно сакаме да им се заблагодариме за нивниот срдечен гест. Би требало да им инсталираме некоја модерна верзија на GNU/Linux и да го испратиме инсталираниот winxp во пензија.

Сега нашите членови ќе имаат на располагање прилично современи десктоп компјутери со LCD монитори. Ќе има и интернет киоск и за нашите посетители. 



Би требало да ослободиме некој HTC Desire Z кој веќе покажува проблеми со верзијата на андроид која ја има, време е за root и инсталација на Cyanogenmod 7.2 со андроид 2.3.7.

No comments:

Post a Comment