ГНУ/Линукс прва помош 09.07.2012, 19:00-21:00 часот

И да врне и да вее, а богами и на 40 целзиусови степени ние сме во Кика да ви помогнеме да ги решите вашите проблеми при користење на ГНУ/Линукс. Дојдете во понеделник 9ти јули од 19:00 до 21:00 часот, споделете ги вашите проблеми со ГНУ/Линукс во било која варијанта: десктоп, мобилен телефон, без разлика на дистрибуцијата. Во најмала рака ќе се тепаме заедно против вашите проблеми, што викаат старите кажи си, ќе ти биде полесно. А да, за тие што им е многу топло, имаме и клима.
Овој пат покрај вообичаеното помагање, подготвени сме да ви кажеме дел од малите тајни на големите мајстори. Ќе ви покажеме како да инсталирате и конфигурирате различни дистрибуции, за да можете да ги искусите благодетите кои тие ви ги нудат и да бидете помирни и посреќни со вашите нови инсталации на ГНУ/Линукс. Ако до сега се мислевте дали и како да инсталирате ГНУ/Линукс на вашиот компјутер, дојдете и уверете се дека тоа не некаква страшна филозофија ;)

Спакувајте си ги лаптопите и повелете утре на дружење :)

No comments:

Post a Comment