GNU/Linux прва помош (25 Јуни)

Понеделнички, традиционално, сите сме избањати и културни, тролањето сведено на минимум, пречекуваме гости кои никогаш немале користено Linux и им помагаме со инсталација или основно снаоѓање низ Linux-ите. Ако немаме таква среќа, тогаш си продолжуваме по старо, ги досредуваме I²C сензорите од минатиот пат (DS1621 закачени на raspberry-pi), плус ќе ги пробаме новите 1-Wire сензори (DS18B20) или на arduino или исто на raspberry-pi. Плус ќе се лемат и транзистори и сл. Почеток, 19 часот - GNU/Linux прва помош секој понеделник во хаклаб КИКА, ајее.

No comments:

Post a Comment