GNU/Linux прва помош (понеделник, 11 Јуни)

Како и секој Понеделник, во Хаклаб денес имаме GNU/Linux прва помош. Бидејќи вчера повеќето од нас се вратија од NSND Струга, настан кој помина одлично, денес ќе си разменуваме импресии и слично.

Настанот официјално почнува од 19:00 часот и ќе трае барем до 21, ама како по правило ќе се остане и подоцна и неофицијално ќе се хакира. Така што, дури и ако немате проблеми со Linux, дојдете - ќе се дружиме, зезаме и, најбитно, ќе хакираме.

No comments:

Post a Comment