Програмирање, Четврток 31.05.2012

Ако сте поминале, знаете дека четвртоците ни се тематски и вообичаено разгледуваме најразлични егзотични програмски јазици. 
Овој четврток може да очекувате туториал за Go програмскиот јазик, но темата се разбира секогаш се одредува од ентузијазмот на присутните. Овие разгледувања обично завршуваат во доцните часови со ултраинтересни разговори за специфичните карактеристики и архитектурите на програмските јазици.
Ќе биде интересно. 
Поздрав!

No comments:

Post a Comment