Сподели Знаење, сабота 26 Мај 2012 од 14 часот

На ова Сподели Знаење ќе се обидеме да направиме кратка презентација, со програмирање на-лице-место, за zeromq. Toa e библиотека за пренесување пораки, напишана во C++, но со подршка за повеќе од 30 програмски јазици. Пораките ги пренесува меѓу нишки (inproc), процеси (ipc), преку TCP, а подржува и multicast. Ќе се обидеме дадеме примери за паралелна обработка на податоци и одложено зачувување на податоци од веб-формулар, но добродојдени се и други идеи за тестирање. Примерите ќе бидат напишани во Python, но може да се обидеме да напишеме и дел во некој друг јазик, за да ја претставиме и подршката за cross-language на zeromq.

Остатокот од времето е резервиран за дискусија и слободно хакирање, а најверојатно ќе биде употребено за language wars.

КИКА се отвора во 14:00.

No comments:

Post a Comment