СподелиЗнаење: Spread the Awesomeness - 28.04.12

Зафатен месец за заедниците во хаклабот КИКА, напраивме парче на GSOC (дури 6 луѓе од КИКА беа примени),  бевме во Штип и Белград за НСНД, се презентиравме на SHARE, пробавме да kickstart-уваме хаклаб во Приштина и организираме една (слободни филмови, дојди и ти!) од многуте активности за одбележување на 10 годишнината од основањето на Слободен софтвер Македонија.


Продолжуваме да шириме awesomeness и на стандардното саботно СподелиЗнаење во хаклабот КИКА. Подигнавме Big Blue Button сервер па ќе се обидеме да воспоставиме врска со колегите од белградскиот хаклаб за време на нивната презентација на овогодинешната SHARE конференција во Белград.

Следува и пролетно чистење и средување на дворот во КИКА. Ќе се обидеме да обезбедиме семе за да насадиме чери домати.

Овој пат се гледаме во КИКА во 12ч.

No comments:

Post a Comment