JavaScript овој четврток (19 април 2012)

Терминот за програмски јазици овој четврток во хаклабот КИКА посветен на JavaScript. Според некои јазикот на иднината, според други играчка, трети не можат да го поднесат хаосот од различните имплементации. Сепак JavaScript денес е неодминлив за било која „нормална“ web апликација. Во последниве 3-4 години експлодираше бројот на разни JavaScript frameworks, библиотеки и алатки кои помагаат во работата со јазикот, но тоа сега значи и учење на сиот тој нов екосистем. Која библиотека да се избере и зошто итн. Затоа е тука хаклабот, за размена на знаења и искуства, па повелете. Веројатно најпрво ќе позбориме за најпопуларните проекти: jQuery, nodejs, emscripten, angularjs - па ќе видиме кај ќе не однесе тоа. Четврток, 19 април 2012, почеток во 19 часот, хаклаб КИКА.

No comments:

Post a Comment