GNU/Linux прва помош @ Хаклаб - 30.04.2012

Стандардно секој понеделник, GNU/Linux прва помош во хаклабот КИКА. Отворени сме од 19 часот, заедно ќе ти инсталираме некоја GNU/Linux дистрибуција или ќе ти помогнеме да ги решиш проблемите кои што можеби ги имаш со Debian, Arch, Fedora, Ubuntu... Минатата седмица искочи најновата long time support верзија на Ubuntu 12.04, па дојди во Хаклаб ако сакаш да инсталираш или да направиш надградба. Можеби, конечно ќе ги направиме live-usb (Убунту, Дебиан, Арч и Федора...) од 50-те усб стикови што ги добивме, затоа ни требаат доброволци со што е повеќе усб порти и usb хабови.

No comments:

Post a Comment