GNU/Linux прва помош @ КИКА - 23.04.12

Стандардно секој понеделник, GNU/Linux прва помош во хаклабот КИКА. Отворени сме од 19 часот, ќе ви инсталираме некоја GNU/Linux дистрибуција или ќе ви помогнеме да ги решите проблемите кои што можеби ги имате со Debian, Arch, Fedora, Ubuntu па дури и Mint (само заборавете на dist-upgrade, дека не им работи). Со задоволство би го замениле и вашиот CentOS сервер со Debian.

Ќе почнеме да правиме live-usb (Убунту, Дебиан, Арч и Федора...) од 50-те усб стикови што ги добивме, затоа ни требаат доброволци со што е повеќе усб порти и usb хабови.

PS Ако некој сака да донесе големи парчиња морска пена, можеме да ги исечеме и обоиме за да ги напраиме буквите „КИКА“ и потоа да ги обоиме за да ги закачиме пред хаклаб.

Се гледаме во КИКА.

No comments:

Post a Comment