НСНД Штип 2012

Слободен софтвер Македонија во соработка со факултетот за Информатика при Универзитетот Гоце Делчев од Штип го организира овогодинешниот НСНД Штип кој што ќе се оддржи во Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап (ДРОП) на 7ми и 8ми април 2012 година. НСНД е неформален настан (un-conference) каде што се собираат луѓе што ги интересира слободен софтвер, слободната, култура, програмирање, систем администрација, мрежи, безбедност да се дружат и да споделуваат искуства и знаења. Агенда за настанот траиционално се подготвува на лице место според она што би можеле да го презентираат луѓето кои што се присутни.

На викито има краток список на луѓе и вештини, па сите заинтересирани можат да се запишат.

Се гледаме во Штип во сабота, 7ми април, 12.30ч!

2 comments:

  1. Настанот ќе се одржи во Кампус 2 во Центарот за електронско учење (поранешен Педагошки факултет)во малиот амфитеатар наречен „Парламент“.

    ReplyDelete
  2. Координати од Google Maps: 41.746508, 22.184036
    (на „Парламенот“)

    ReplyDelete