GNU/Linux прва помош во КИКА 12/03 во 19ч.

И вечерва во хаклабот КИКА ќе има првпа помош за сите оние кои имаат некаков проблем со својот GNU/Linux или технологија поврзана со слободен софтвер.

Секој може да помине ако има било каков проблем (пример wifi делумно работи, не знаете како се прави X ... ), со вашата GNU/Linux инсталација или само сакате да не посетите да видите каде се наоѓа хаклабот и да ги запознаете луѓето. Поминете и ако сакате да инсталирате GNU/Linux но не знаете како.

Ќе се обидеме и овој понеделник да има Tool Show off - кратки презентации на она што секој во моментов го работи, или видел некоја нова интересна алатка што може да ги заинтересира и другите. Секој што сака добива 10 мин и презентира тоа што тој го сака.

penguin group small
фото: Antarctica Bound

No comments:

Post a Comment