GNU/Linux прва помош во КИКА - 05.03.2012

Понеделник од 19ч сме во хаклабот КИКА во една опуштена  околина ќе пробаме да реализираме  неколку работи :

  • Секој може да помине ако има било каков проблем (пример wifi делумно работи, не знаете како се прави X ... ), со вашата GNU/Linux инсталација или само сакате да не посетите да видите каде се наоѓа хаклабот и да ги запознаете луѓето. Поминете и ако сакате да инсталирате  GNU/Linux  но не знаете како.
  • Идеја која потекнува од  Далибор  и  успешно се реализира во една од предходните средби, а тоа е Tool Show off.  Секој си презентира некоја алатка/скрипта/програма која ја користи во секојдневен живот, работа или едноставно смета дека е super cool. Секој добива 10 мин и презентира тоа што тој го сака. Нормално доколку не сакате не мора да презентирате може само да гледате...
  • Ќе пробаме да "оТклучиме" HTC Desire и Alcatel One touch оргинално ограничени на VIP/Т-mobile како и неможноста да се користат картички во странство.
  • Исто може да направиме Андроид прва помош

КИКА секако е отворена и слободна за искористување!

No comments:

Post a Comment