Сподели знаење - Сабота 24.03.2012

Оваа сабота Хаклаб е отворен за сподели знаење од 13 часот.

Во план е да се продолжи со дискусии за OpenData.
Нема да ги изоставиме и оние кои сакаат да аплицираат за Google Summer of Code. Па ако ви е потребна некаква помош добредојдени сте во било кое време.

Редно време е и да направиме едно пролетно чистење. Да се ослободиме од стариот и неупотреблив хардвер, ако најдеме каде ќе се поставуваат контењерите за бела техника и мебел можеби можеме да се отарасиме и од мебелот кој не ни е потребен и зафаќа простор.

За останатите активности може да се договориме на лице место. :)

No comments:

Post a Comment