Програмски јазици - Четврток 22.03.2012 во 19 часот

Овој четврток ќе им го посветиме на оние кои сакаат да аплицираат за Google Summer of Code (GSoC). Па доколку имате било какви прашања во врска со GSoC или имате некакви проблеми со билдање на кодот, проблеми со кодот, наминете. :)

Една од идеите е и да се изработи систем за исвестување на дежурните преку SMS и е-пошта. Предлогот е да се известуваат пријавените членови за дежурства кој која недела е дежурен. Известувањата треба да бидат по SMS и по e-mail, а треба да се испраќаат одредено време (1 недела, две недели....) пред членот да биде дежурен. Исто така ќе се разгледа можноста ова да се направи преку Twitter.

Во доцните часови ќе се програмира Lisp.

No comments:

Post a Comment