Статистички пакети. 15/03 четврток во 19ч

Вечерва, во хаклаб КИКА ќе има мини предавање за два софтверски пакети кои се употребуваат за статистичко пресметување.

Првиот од нив е проектот R а него ќе го претстави Теофил Наков. R е многу моќна алатка која се употребува во најразлични сфери, а Теофил ќе покаже како го употребува за сопствените истражувања во биологијата.

Во вториот дел, Миша Поповиќ ќе го претстави PSPP кој претставува слободна алтернатива на SPSS - популарнот пакет за истражување во општествените науки. Претставувањето ќе биде базично, но идејата е да е покаже како може да се интегрира истражувачкиот процес со помош на слободен софтвер.

(извор: The Graphs од Гоце Митевски)

No comments:

Post a Comment