GNU/Linux и Убунту Прва Помош во понеделник, 23.01.2012

Во понеделник на ГНУ/Линукс и Убунту Прва Помош, освен регуларните активности за решавање на проблеми со ГНУ/Линукс и слободен софтвер, ќе го средуваме и новиот сервер во КИКА.

Новиот сервер ќе биде поставен на место на сегашниот debilan.local кој успешно не опслужуваше последниве 2 години, но му дојде време да се замени. Новиот ПЦ кој ќе биде сервер е со подобра конфигурација и има 2 хард дискови од по 120 GB кој ќе ги подесиме во софтверски RAID.

Името на серверот сеуште се дискутира на ping.mk, утре ќе видеме кој ќе победи.

Како и секогаш, почнуваме од 19 до 21 часот на новата локација :



Кликнете тука за поголема мапа.




Поддржано од
Град Скопје

No comments:

Post a Comment