ГНУ/Линукс прва помош (09.01.2012, 19 - 21 часот)

Започнуваме со редовни настани во 2012 година со ГНУ/Линукс прва помош во Понеделник (09.01.2012) во 19 часот.

Во овој термин, на програмата ќе бидат следниве две работи:

1. Доколку имате некаков проблем со ГНУ/Линукс на својот компјутер дојдете за да пробаме заеднички да го решиме.

2. Доколку работите на ГНУ/Линукс дистрибуција дојдете да ги презентирате алатките кои ги користите (секој ќе добие по 10 мин на проектор каде ќе може да презентира што користи и зошто). Почнувајќи од стандардни клиенти за комуникација (чет, емаил), преку аудио/видео/графички апликации па се до специфичнa околина за развој, систем администрација или нешто трето. Ќе биде интересно да се научи за некоја нова алатка од прва рака и/или да се споредат различни алатки.

* Доколку не работите на ГНУ/Линукс дистрибуција дојдете за да разгледате алтернативни апликации под друг оперативен систем.

Хаклаб 2.0 се наоѓа на следнава локација:




Кликнете тука за поголема мапа.


Поддржано од
Град Скопје

No comments:

Post a Comment