Global Day of Coderetreat - Белешки од настанот

Неколку белешки од Global Day of Coderetreat настанот во Скопје (фотки):

Што беше добро?
  • Скопје се најде на светската мапа (заедно со 90+ градови и 2100+ програмери од целиот свет)
  • Размена на знаење (Ruby, Python, Javascript, Java и по нешто Erlang на крај)
  • Направивме директно поврзување со настанот во Барселона (дискусијата за претстоечкото El Clásico беше особено интересна)
  • 3 спонзори (голема благодарност до Atomidata, Siyelo и Ever-Near: маици, пиво и храна за цел Хаклаб)
Што можеше да биде подобро?
  • Посетеностa (имаше само 3 пара - 6 програмери, да имаше уште 1-2 пара мислам дека ќе беше многу подобро)
  • Фокусот (малата посетеност беше причина да имаме 4 квалитетни сесии каде фокусирано вежбаме дизајн на софтвер и 2 сесии во слободен стил)
  • Не успеавме да се поврземе со настанот во Питсбург (имаа некоја промена во распоредот)
Во секој случај, мислам дека беше одлично искуство и добар почеток за нешто посериозно доколу има интерес.

Во извлекувањето награди добија:
  • Пецо Данајловски - Лиценца на еден продукт од JetBrains
  • Наум Костовски - Книга од Pragmatic Press
За помалку популарните награди (попуст на членство во првиот месец од CodeSchool и 3 месеци бесплатен период од DNSimple) кои беа наменети за сите учесници - никој не беше посебно заинтересиран. Ако некој се предомислил нека ми прати порака и ќе ви испратам инфо.

No comments:

Post a Comment