НСНД: Ништо нема да се случи, нешто (сепак) ќе се научи

Ако до сега не сте го гледале „Последното предавање“ на Ренди Појш, треба тоа да го направите поскоро.

Една од лекциите што може да се научат од таму е таа за Head Fake - или во превод, можеби, „криви очи“. Примерот што Ренди го користи е кога правиш една работа, но всушност учиш друга: кога ги праќате децата да тренираат некој спорт (на пример фудбал), не очекувате дека (сите) ќе станат професионални фудбалери, но (сите) ќе научат тимска работа, фер игра и слично.

Ми се чини дека ова е одличен начин да се опише НСНД: кога ништо не се случува, нешто сепак се учи. Така, кога пред гико-хакерската заедница држите некоја презентација за некоја тема што е доволно интересна да го задржи вниманието на група луѓе која не е позната по високи нивоа на концентрација, тогаш вашите „криви очи“ се стекнување на добри презентациски вештини - а тоа и така не е нешто што се учи на училиште.

Па тоа. +1 за НСНД.

No comments:

Post a Comment