Вечер во Галерија 7: Intro to GNOME Women Outreach Program

Вечерва со почеток од 20.00ч во Галерија 7 ќе се оддржи кратка презентација, а потоа и дискусија поврзана со GWOP (GNOME Women Outreach Program). Го позајмивме текстов од блогот на Тамара Атанасоска која што е една од првите GNOME програмерки од Македонија. Тамара е спремна да им помогне на сите оние кои што се заинтересирани да се вклучат во програмата.


Аплицирањето трае до 31 октомври. Ако вашата апликација биде прифатена пак, ќе бидете дел од програмата 3 месеци, почнувајќи од 12 декември а завршувајќи на 12 март. Три месеци можеби ви изгледаат малку, но за тие три месеци ќе научите многу. Јас бев дел од оваа програма ова лето, иако под закрилата на Google Summer of Code, и можам да ви кажам дека покрај тоа што ќе станете дел од одлична заедница, ќе работите со посветени ментори од кои ќе научите многу, а и ќе стекнете непроценливо работно искуство. И секако, ќе придонесувате за развојот на слободниот софтвер, што би требало да е и мотивација сама од себе

Ако сеуште читате, одлично затоа што ќе дознаете една доста примамлива вест. Покрај тоа што луѓето ќе работат да ве научат подобро да програмирате, а вие ќе придонесувате во светот на слободниот софтвер, важно е и дека оваа „пракса“ е платена од разните спонзори на GNOME фондацијата, и тоа 5000$!

Знам дека сега сте дефинитивно заинтересирани. За оние кои можеби првпат слушаат за GNOME и програмата, кратко воведче:

GNOME е иновативна и најпопуларна десктоп околина која се дистрибуира со слободните оперативни системи, а и самата нормално е слободен софтвер. GWO програмата има за цел да привлече повеќе жени да придонесуваат во слободниот софтвер, чија бројка во моментов е сеуште мала, иако постојано расте.

Учесниците во оваа програма работат од дома, со голема помош од менторот на соодветниот проект кој ќе го изберат и тимот кој веќе работи на проектот, но и од целата GNOME заедница која е секогаш спремна да помогне, на каков проблем и да наидете.

Покрај програмерки во програмата можат да се вклучат и девојки кои би сакале да пишуваат документација, дизајнерки, а и девојки кои би помогнале во маркетингот. Проектите за кои можат да аплицирате може да ги видите овде (скролнете надоле), и слободно контактирајте било кој од заедницата или пак пратете ми мене порака ако нешто не ви е јасно.


Повеќе информации можете да најдете на блогот на Тамара.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.