First All Women Hacker Night во КИКА

Во среда во 18:00 во хаклаб КИКА, решивме да свикаме еден ексклузивен состанок на женската хакерска дружина од Македонија. Иницијално овој состанок има за цел да се запознаеме и подружиме, ако сме расположени можеме и да сработиме нешто :)

Како што вели Јованка во нејзиниот блог:„Идејата се појави пред одредено време кога на канал стана збор за жени девелопери од Остин, Тексас кои што си организирале една ваква собиранка. Па мојот одговор на тоа беше зошто не и ние.Услови имаме, па зошто и да не ги искористиме.“

Добредојдена е секоја девојка која е заинтересирана за: „слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн.“ (превземено од страницата на КИКА).

На крај би сакала да го потенцирам широкиот поим за што е тоа хакер, за кој ви препорачувам да ја прочитата следната статија, a еве и извадок : „Терминот хакер од различни извори се толкува на различни начини. Објаснувањето на овој термин најчесто доведува до забуна кај корисниците со терминот кракер. За разлика од нив, хакерите се лица кои се борат за слободна информација, кои ја сметаат технологијата за предизвик и кои сметаат дека нема ништо што би можело да застане помеѓу нивната желба за знаење и осознавање и она што сакаат да го добијат. Најчесто хакерите бараат предизвик за решавање на проблеми кои ги нуди технолошкиот развој, особено Интернет. Иако терминот хакер може да се поврзе со било кој аспект од животот, најчесто тој се поврзува со компјутерски професионалци кои знаат како да направат работите да функционираат. “

Сите кои се заинтересирани или имате некое прашање, можете да не контактирате мене (tamara.atanasoska20@gmail​.com) и Јованка Гулицоска (jovanka.gulicoska@gmail.c​om).

И како што вели Јованка: Девојки компјутерите во раце и да го завземеме хаклабот барем на една вечер!

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.