Сподели знаење - сподели хардвер. Сабота 25.06.2011

Како што беше најавено на листата, оваа сабота ќе биде работна сабота во КИКА. Имаме еден куп кукишта кои што треба да ги сортираме, да ги провериме, да ги тестираме и да ги распоредиме. Некои ќе одат во е-отпад, некои ќе ги употребиме за потребите на КИКА, некои ќе лансираме во вселената.

Освен ова, ќе ги завршиме рафтчињата што веќе се започнати, ќе ја исчистиме првата просторија и ќе ја опремиме за работа со електроника.

Минатата недела добивме неколку хардверски донации (монитори, принтер, кукишта) и тие ќе бидат утре цел на истражување.

Пожелно е утре да си носите постари алишта затоа што ќе има сукање на ракави :)

И како секоја сабота се разбира дека ќе има сок, вода, грицки.

Се гледаме стандардно од 13:00.

No comments:

Post a Comment