Сподели знаење во КИКА - 11.06.2011

Во сабота со почеток од 13ч во хаклабот КИКА вниманието ќе го посветиме на неколку детали околу тоа како да ја заштитите/осигурате вашата приватност на Интернет. Ќе зборуваме за SSL (поточно како секогаш да користите HTTPS и на што треба да внимавате кога се во прашање SSL сертификатите) и за Pidgin кој што е мулти-клиентски, мулти-платфорски клиент за XMPP (веројатно тука најбитен е GTalk) и како целосно да ја енкрипитирате вашата комуникација со помош на додатокот OTR (Off The Record).

Сесијата ќе биде отворена за јавноста како и секогаш. Дојдете, посебно ако сте загрижени за прислушкување на вашата електронска комуникација.

Земете ги лаптопите за да инсталираме се што е потребно.

There is no such thing as computer security, but we are not giving up, yet. :)

No comments:

Post a Comment