Sysadminspotting @ КИКА 11.05.11

Вторниот настан посветен на сѐ поврзано со систем администрација се случува вечерва во КИКА со почеток од 19.00ч. Еве што правевме минатиот пат. На кратко, успеавме да избилдаме custom Arch дистрибуција со GNOME 3 и сите потребни софтверски пакети што доаѓаат со еден модерен оперативен систем.

Денес ќе продолжиме со поставување на имиџот на PXE boot серверот во КИКА. А може и подетално да ги разгледаме точните процедури за оддржување на Debian и Fedora миррори, па дури и да ја започнеме процедурата за синхронизација на еден од официјалните Debian мирори со сервер тука, во Македонија.



Отсега па натаму sysadminspotting во КИКА секоја среда, додајте си го настанот во календар и ве очекуваме ако ве интересира било што поврзано со систем администрација, мрежи, безбедност и сл.

Choose to sysadmin!

No comments:

Post a Comment