Овој викенд NSND во Охрид

Како што (се надевам) знаете, овој викенд (28-29 мај) во Охрид е првиот регионален НСНД настан во Македонија.

NSND - ништа се нече догодити е анти-конференција или гиковско-хакерски дружијанац, a овојпат во Охрид ни доаѓаат луѓе од хаклабите во хрватска, србија, бугаријa, албанија, косово.

За тие што не биле на НСНД до сега, некоја посебна агенда нема. Главната цел е запознавање и споделување на знаење и искуства. Обично во првите 2 саати се прави некој план ако некој има нешто што сака да го презентира. Ако нема, идеме на пица и на пиво (или кој што сака по желба).

А вечерва, 26 мај од 19:00, сите што одат на НСНД од Скопје, во хаклабот КИКА се прават последните планови и договарања.

Настанот во Охрид почнува од 12:00 и ќе се случува во вила Џоле.


ps.
ако остане време, вечерва ќе се програмира BeagleBoard-xm, C и ќе се покажува Asterisk.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.