Adminspotting #1 - Aftermath

Да резимираме што се случуваше денеска (вчера) на првата сесија за систем администрација во хаклабот.

* Дефиниравме листа со активности кои што ќе ги работиме, истата може да се види на http://wiki.spodeli.org/Хаклаб/sysadmin
* Пробавме да ја завршиме првата точка но не успеавме целосно.

Првата точка ја работевме со помош на larch алатката, повеќе за тоа - http://larch.berlios.de/

Успешно направивме „жива“ дистрибуција, но не беше баш како што ни треба на нас. Специфично, не беа конфигурирани параметрите за подршката на тастатурата, автоматско логирање итн.

Проблемот се јави кога пробувавме да го подесиме GNOME 3 со наши параметри поврзани со автоматско логирање, layout-от на тастатурата, додатни иконки во favourite менито. Пробавме со едитирање на xml фајловите кои што се наоѓаат во /usr/share/glib-2.0/schemas. Иако промените успешно се зачувуваа, истите не стапуваа во ефект.

Поради начинот на кој што работи larch алатката (креирање на локален директориум каде што го создава дистрото, следно нешто што пробавме е стартување на GNOME3 во тој директориум - во chroot средина.

Ова до некаде ни успеа, но поради X причини, тастатурата и глувчето не беа рапознавани од X-системот во chroot дистрибуцијата.

Овде прекинавме, затоа што се ближеше 2 часот наутро.

Останува да пробаме да го средиме овој метод со chroot + GNOME3 или пак да најдеме друг начин (gsetting ?) за да ги подесиме параметрите.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.