Сподели знаење 21.05.2011

Можеби овој пат се спасивме од судниот ден, но за наредниот мораме да бидеме поспремни. Едно од сценаријата (ако го исклучиме терминаторот што се спрема во КИКА) за апокалипса е нормално и зомби апокалипса, затоа денес во КИКА ќе разгледуваме разни начини за тоа како да преживеете една зомби апокалипса. Кои работи ви се потребни, колку храна, колку вода, тип на оружје и муниција за успешно одбивање на зомби напади итн.

Покрај тренингот за преживување на зомби напади, ќе пробаме да продолжиме со склопување на Arch mirror-от (уште ни фалат 2 хдд btw) и веројатно ќе решиме некоја задача од многуте пријавни на bugs.spodeli.org.

Се гледаме во КИКА во 12:30!

No comments:

Post a Comment