Сподели Знаење 14.05.2011

Редовно Сподели Знаење во Хаклаб КИКА и оваа Сабота со почеток во 12.30 и ќе трае до кај 18.00 часот.

Во план е да се запознаеме со Appcelerator Titanium платформата (доколку има интерес за тоа!?). Appcelerator Titanium е платформа за развој на мобилни и десктоп апликации со користење на веб технологии. Ние конкретно ќе го разгледаме Titanium Mobile делот и ќе видиме колку лесно може да се развиваат апликации за Android и iPhone уреди. Исто така може да видиме како е направена ПоправиМК апликацијата во оваа платформа.

По презентацијава (доколку немате развивано мобилни апликации предходно), без проблем ќе можете да ја направите вашата прва апликација што ќе работи на вашиот нов Android телефон. :)

No comments:

Post a Comment