СподелиЗнаење MMXI-III-XIX

По мала пауза, утре хаклабот повторно отворен за СподелиЗнаење.

Кризата со недостиг на електрична енергија успешно ја пребродивме благодарејќи на напорот на Бидиков и Алекс (и уште по некој што им помогна) и сега може да продолжиме со редовните активности. Кој заборавил, секоја сабота од 12(~13) часот па најмалку до 18, се случува СподелиЗнаење.

Овој пат, од планираните теми имаме:
  • краток осврт на systemd, замена за праисторискиот system V init, кој вклучува и нова функционалност, но и во себе обединува функционалност на други Unix daemon-и. Сето тоа користејќи ги најновите можности на Linux кернелот;
  • копање по новите електронски тракатанци набавени од бувљак;
  • секцијата за електроника ќе се обиде да оспособи еден стар осцилоскоп
Од непланираните активности, може да се помага со учење python или со аплицирање за Google Summer of Code (GSOC) бидејќи од денес до 8 април е пријавувањето на студентите.

Од непредвидените теми.... пааа, било што може да се случи, чистење, планирање за НСНД, да поработиме на инфраструктурата и сл.

The future is now!

No comments:

Post a Comment