Сподели знаење @ Cafe Opera 12.03.2011

Оваа сабота повторно во Кафе Опера, од 13 до 15 часот ќе разговараме за креирање нов слободен и отворен простор.

Со оглед дека во градов се затворија повеќе вакви места, мислиме дека дојде времето организациите кои создаваат јавни активности да се вклучат во еден посериозен заеднички проект. И додека ги разгледуваме опциите и се растрчуваме барајќи каде би можеле да се преселиме, ајде да видиме на кој друг во Скопје му треба простор за своите проекти и активности. Та заедно сме посилни :)

Затоа Ве покануваме, сите организации или луѓе што би сакале да учествуваат во еден ваков потфат за креирање на нов јавен, културен и независен простор, кој и ние ќе го користиме како хаклаб, да се видиме утре.

Повелете во Кафе Опера, утре од 13 часот иднината е сега!

Се гледаме.

No comments:

Post a Comment