Програмски јазици @ хаклаб КИКА - 17.03.11

Вечерва во 19.00 часот во хаклабот КИКА продолжуват редовните активности. Четврток е ден за програмски јазици, на дневен ред се C и Python но ако имате нешто друго интересно што сакате да го презентирате или пак имате проблеми/прашања во врска со овие програмски јазици, повелете.

Инаку, очигледно имаме струја па КИКА продолжува да функционира и понатаму во редовните термини:

Понеделник 19ч - Ubuntu прва помош / GNU/Linux прва помош
Четврток 19ч - Програмирање (Ruby, Python, C итн)
Сабота 12ч - Сподели знаење

Се гледаме вечер! :)

PS Ако сте заинтересирани за учество во Google Summer of Code преку GNOME Women outreach program слободно, можете да поминете во КИКА за да ве упатиме и да ви помогнеме со пополнувањето на апликацијата.

No comments:

Post a Comment