Ubuntu прва помош @ КИКА - 14.02.2011

И оваа недела стандардно продолжуваме со Ubuntu прва помош вечер во 19.00 часот во хаклабот КИКА.

Донесете го вашиот лаптоп или компјутер ако сакате да инсталирате Ubuntu или било која друга дистрибуција на GNU/Linux и ние ќе ви помогнеме да го направите тоа и да научите како се прави истото во процесот. Решаваме и проблеми поврзани со веќе постоечки инсталации на GNU/Linux.

Хаклабот КИКА е отворен простор, па повелете посетете не ако сакате да ни се приклучите или пак само да видите што работиме.

Се гледаме.

Edit: Како споредна работа вечер на УПП ќе правиме бесконечно огледало. (идејата)

No comments:

Post a Comment