Овој викенд НСНД во Куманво

Овој викенд (сабота и недела), по пример на Сподели Знаење и ланскиот настан во Штип, во Куманово ќе се оддржи НСНД во организација на хакерите од Куманово и членовите на Хаклабот КИКА.

Локација: Народна Техника Куманово wikimapia


View НСНД - Куманово in a larger map

Почеток: околу пладне али никој нема да ви замери ако дојдете порано или подоцна.



НСНД или Ништо Нема Да се Случи е името на настаните кои што изминативе неколку години се оддржуваат на просторите на поранешна Југославија, организирани од локалните заедници на хакери и корисници на слободен софтвер. Настанот ќе има карактер на анти-конференција и поканети се сите кои што знаат нешто и истото сакаат да го споделат, или пак да научат нешто ново. Ако ништо друго дојдете за дружењето.

Конкретна програма за настанот нема, истата ќе биде договорена на настанот, најверојатно би се обработувале теми слични на они што се на мени секоја сабота во КИКА (програмирање Python, Erlang, C/C++, PHP, Ruby, Linux администрација на сервери и мрежи, хардверско хакирање и секако хакирање со Ардуино). Едно е сигурно ќе конфигурираме еден сервер CentOS + Mail server + OpenVPN + NAS за повеќе инфо погледнете го линкот подоле.
http://wiki.spodeli.org/NSND/2011/Куманово


Па доколку сте од Куманово или се наоѓате некаде во близина повелете и дојдете. Слободно донесете го вашиот компјутер или лаптоп, доколку имате проблем со некоја од GNU/Linux дистрибуциите или пак сакате да инсталирате GNU/Linux на него, ние со задоволство ќе ви помогнеме.

No comments:

Post a Comment