Програмирање во хаклаб

Овој четврток во КИКА ќе се направат обиди да се доврши последниот дел од инфраструктурата на spoldeli.org и најверојатно, ако се има време и желба ќе се мигрира апликацијата за библиотеката на најновата верзија на Django - 1.2.5, посебно AJAX делот -> http://docs.djangoproject.com/en/1.2/releases/1.2.5/

Останатите активности би биле програмирање на ардуино + доколку Глиша (или некој друг) набави фолија - споредно на програмирање - довршување на бесконечното огледало

Добредојдени се сите, особено оние кои сакаат да помогнат и да научат нешто ново од областа на програмирањето и електрониката.

Никогаш нема доволно наполитанки ... :)

No comments:

Post a Comment