Донирај за првиот скопски хаклаб!

Во првиот скопски хаклаб КИКА нон-стоп трошиме LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија. Ако имате осцилоскоп, столчиња, маси, полици, фотељи, алат, електронски компоненти и тоа ќе го земеме. Ако немате ништо земаме и пари :)

Кликнете на формуларот за да донирате.


Хаклабот КИКА постои повеќе од една година и е првата отворена автономна технолошка зона во државата. Некои од проектите на кои што работиме се и „Сподели знаење“, „Ubuntu прва помош“, програмирање за почетници (Python, Ruby и C), „Сподели кино“ и електроника. Целта на сите овие проекти е да се промовира размената на знаењето од областите на најсовремените компјутерски технологии, како и културата на споделувањето. Овие настани се отворени за јавноста и секој може бесплатно да ги посетува.

2 comments:

  1. Нема некаде формУЛАР (донирам лекторска услуга, не се вика форма туку формулар) за донирање паричиња со картички и сл.? Манибукерс? www.tc.mk ?

    ReplyDelete
  2. Здраво Кире,

    Ти благодариме за поддршката. Те молам пополни го формуларот и ќе те контактираме.

    Поздрав.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.