СподелиЗнаење 05.02.2011

Ова СподелиЗнаење ќе почне со менување на плинската боца за греење. Тоа е и најважниот настан, пошто инаку нема ништо друго да се случи :)

Од останатото, ќе има нешто програмирање, нешто електроника и сл. Дел од проектите веќе почнавме да ги реализираме, кај и да е треба да ги привршиме, па и да почнеме да ја дополнуваме листата.

Почеток во 13:00, кој касни - клетва до 7 колена. Локација, добро позната.

ps.
ако имате стари геџети, компјутери или мобилни во исправна состојба може ќе сакате да ги донирате на хаклабот. Поконкретно бараме usb кабли од постарите Nokia телефони, а би искористиле и по некој LCD екран од мобилен.

No comments:

Post a Comment