СподелиЗнаење: A New Hope - 08.01.2011

Прво пост-27c3 сподели знаење во КИКА. Цела екипа од редовните споделувачи на знаење кои што го посетија CCC би требало да е веќе вратена во Скопје, па може да ја искористиме приликата да направиме една ретроспектива на овогодинешниот Chaos Communication Congress во Берлин, да ги споделиме впечатоците и да се обидеме да ја пренесеме целата енергија од настанот, да видиме што сме научиле и што можеме да примениме кај нас за да се организираме подобро и да го направиме нашиот хакерски простор уште подобар и покорисен.

Разно:
- Разгледување на можни решенија за ACPI Interrupt Storm на Linux (kslowd/kworker)
Референци:

Ќе има и goodies од CCC. :) Се гледаме во сабота во 12:00 во КИКА.

No comments:

Post a Comment