Убунту прва помош - 24.01.01

Како и секој понеделник, утре во 19.00 часот КИКА се отвора за Убунту прва помош. Доколку имате некаков проблем со вашиот лаптоп или PC дојдете и ќе се обидеме да го решиме. Ако имате проблем со некоја друга дистрибуција на GNU/Linux или пак ако само сакате да инсталирате GNU/Linux на вашиот компјутер ќе ви помогнеме и со тоа.

Викендов работевме да оспособиме што е можно повеќе компјутери така да ако немате лаптоп можете да користите една од работните станици во КИКА.

Ѕирнете го новиот куќен ред за членови и посетители.

Добредојдени сте ако имате да презентирате нешто интересно или пак сакате да го проверите просторот, луѓето и да се информирате повеќе околу настаните што се оддржуваат во КИКА.

Се гледаме утре.

No comments:

Post a Comment