Сподели знаење 29.01.2010

Последното Сподели знаење овој месец утре од 13.00 часот во хаклабот КИКА.

Овој пат ќе пробаме да завршиме неколку интересни работи:
- Миграција од Drupal 5 на Drupal 7.
- Ќе пробаме да го досредиме хакираниот темплејт за blogspot за новиот планиран веб сајт за КИКА и Сподели.
- Можно е и конечно да се расчистат сите багови во софтверот за онлајн библиотеката.
- Чекаме да стигнат дел од деловите за LED коцката, ќе го рециклираме она што не ни треба, цд-роми, напојувања и ќе пробаме да направиме AVR ISP програмер.
- Досредување на компјутерите што ги склопивме во изминатиов период.

Дојдете ако ве интересира било која од овие теми, сакате да пробате нешто ново, да инсталирате GNU/Linux на вашиот лаптоп/компјутер или пак имате нешто кое што сакате да го споделите со останатите (без разлика дали е проблем или решение на проблем).

Отвораме во 13.00ч го загреваме кафематот и хакирањето може да почне.

Се гледаме утре.

No comments:

Post a Comment