Сподели подобар хаклаб 22.01.2011

Утре со почеток од 12.00 часот наместо стандардното Сподели знаење ќе поработиме на некои активности околу досредување на хаклабот. Ќе чистиме, ќе се обидеме да ја оспособиме и втората просторија, и да се договориме околу куќниот ред и конечно да го усвоиме.

Потоа палиме лаптопи и ќе се работи на Websyn, новиот сајт за Сподели и КИКА и составување на компјутер или два, од хардверот во КИКА.

Веќе се обезбедни доволно колични на стандардната високо енергетска комбинација за хакери (наполитанки и кафе) а имаме и чај.

За оние што се во можност да слушаат, во 12.00 на радио Канал103 почнува емисија во која што ќе гостува дел од екипата што го посети 27c3 годинава, па ако ве интересира нешто повеќе околу тоа, слушајте 103ка.

Се гледаме утре.

PS Видеата од 27c3 се вкупно 41GB и можете да ги преснимите било кое време утре во КИКА ако дојдете со usb хард диск и доволно слободен простор на него.

No comments:

Post a Comment