СподелиЗнаење 15.01.2011

Утре со почеток од 12:00 часот, стандардно Сподели Знаење во КИКА.

Темите се следниве:
  • стигнаа новите Arduino Uno - па ќе се навратиме на мал вовед за Arduino (кој дојде со лаптоп ќе може да си замине со инсталирано Arduino IDE, и ќе може да проба како се работи со него)
  • дискусија и подготовки околу градењето на LED CUBE
  • разно (update на BIOS на Thinkpad T400, играње со новиот 2.6.37 кернел и сл)
  • рутирање на HTC Desire HD (ако Дамјан има гз) и инсталација на CyanoGenMod

Потоа во 20:00 часот во Ла Кања во старата чаршија Новица Наков од Слободен софтвер Македонија ќе одржи презентација за хаклабот, хакери и споделување на знаење на настанот за прославување на 10 години од постоењето на слободната енциклопедија Википедија.

Се гледаме утре!

PS Можеби немаме Club Mate ама имаме и кафемат за филтер кафе!

No comments:

Post a Comment