Ден 3 @ 27c3 брзи говори и политика

Sai конечно ја одржа својата презентација „Когнитивна психологија за хакери“. Оваа беше на два пати одложувана поради проблемите што човекот ги имал со авио властите. Ништо посебно ново, барем не за оние што колку-толку фатиле по интернетов некои од поновите истражувања - но сепак се покажа како добро освежување од другите теми.

Judgment under Uncertainty

http://yudkowsky.net/

Zendo


Ѕвезда на денот, сепак беше Даниел Домшајт-Берг (ex-wikileaks, сега openleaks) кој всушност дојде да зборува за Icelandic Modern Media Initiative - нешто што покрај Исланд, веќе почнале да го разгледуваат и во Италија, Шпанија и Словенија Тој всушност, по негово кажување, беше летечка замена на Исланѓаните кои (веројатно поради времето?) не можеле да дојдат на 27c3. Беше тоа полу-информативен, полу-политички говор - кој всушност траеше прилично кратко во однос на времето што му беше доделено - што пак остави многу време за прашања. Имаше неколку интересни поенти во неговото излагање, посебно во врска со cloud computing и слободата на печатот, а во контект на Wikileaks, но морам да кажам дека чувството во салата (ми) беше чудно.

А кога почнаа да доаѓаат прашањата, повеќето беа полу-прашања што сакаа да ја отворат темата за Wikileaks, која Даниел всушност вешто ја избегнуваше, а истовремено не кажа ништо посебно ново за Openleaks - побара само повеќе време пред сѐ да биде објавено.



Посебно внимание привлече прашањето зошто пишува книга, кога всушност не сака да зборува за Wikileaks, но и тоа негово објаснување беше некако бледо и недоречено - да се напишела приказната така како што е - заради историски причини.

Можеби највреден за понесување дома е коментарот дека одговорнста за иднината на интернет, и сите поврзани теми кои екслодираа на крајов на годинава, лежи кај сите нас - нешто што некако се поклопува како идеја од говорот на Роп на првиот ден.

Попладнето Еленор Саита заборуваше за тоа како „нашата  инфраструктура ќе нѐ убие“. Тоа беше интесен преглед на ситуацијата со инфрастуктурата во западниот свет, посебно за тенденцијата повеќе да не се вложува во нејзино одржување, како и за неуспехот што го имаат државите во долгорочното планирање, со забелешки / коментари за тоа како всушност инфраструктурата преставува алатка за општествена присила во централизираните национални држави во социо-економскиот контекст на повоена (2ра светска војна) Европа.

Белешки од брзите говори:
http://flockscrape.pudo.org/
http://091labs.com/
seeks-project.info
http://redmine.jpod.cc/
https://jancborchardt.wordpress.com/2010/11/27/personal-appeal/
https://jancborchardt.titanpad.com/libreprojects?
http://kirils.org/skype/
http://www.uberwach.de/
http://gnuheter.com/creeper/senaste/
http://www.hrdag.org/

No comments:

Post a Comment