Акустичен и аудио ден на 27c3 >> дополнето

Ден 2 на 27c3.

Покрај секогаш возбудливите lightning talks, ислушав(ме) уште две нетехнички презентации.

Политичката историја на акустиката беше интересен осврт на тоа кога како и зошто акустиката се појавила како посебна дисциплина за изучување. Уна Легановиќ зборуваше околу 45 миниту на оваа интересна што некако лесно може да се срочи во една реченица - дека: акустиката се развила за да им служи на тогашните владетели со цел да се надгледуваат поданиците или да се комуницира во тајност.

Уна заврши со споредба помеѓу паноптиконот и панакустиконот - сѐ слушачката направа на кралествата постари 100 години. Заклучокот: никој не сметал за спорно принцевите да шпионираат сѐ во својата палата.

(Ова веројатно ќе биде едно од предавањата што би ги пуштале на некое СподелиКино, навистина интересно и информативно. ПДФ презентацијата е закачена овде.)

Од прашањата што следеа можеби најинтересно е да се издвои тоа за разликите во концепти наспорти технологијата. Како што ќе видите од слајдовите (кој ќе кликне) еден од проектите на тогашните научници и принцови бил уред што ќе пренесува музика директно до собата / ушите на владетелот без тој да мора да биде во каква било интереакција со свирачите или другите слушатели на музиката. Прашањето што дојде од публиката беше: како тоа се разликува од денешниот iPod - т.е од типичното слушање на музика во изолација/самотија? Освен импликациите за музиката, ова секако отвара прашања и за тоа колку се нови идеите што денес (пак) го освојуваат светот.

По неколку откажувања, преместувања и слично, пред почетокот на вечерта го слушавме Концертот.


Џулиен Квентин, Кори Черовшек и Алекс Антенер имаа супер успешна аудио-видео презентација за/на слободната култура и ограничувањата на авторските права.


Во интересен мешап од сладјови, музички видеа и музика од пијано и виолина во живо можевме да видиме што значи слободната култура и како денешниот режим го загрозува развојот на културата и уметноста.

Нивниот настап заврши со овации, а следеа и два биса. Патем луѓето добија покани за одржување на истиот настап / презентација пред европскиот парламент и на неколку други места.

Други кратки белешки од денес (поточно од светлечките говори):
http://wiki.debian.org/FreedomBox
http://dns.telecomix.org/
http://bit.ly/tsarights (пдф)
http://code.google.com/p/nets-x/
2с.мк сега се стационирани на маса, Имаат интернет. Јадат чоколадо (некои од нив).

No comments:

Post a Comment