Сподели Знаење, 25.12.2010

Поради тоа што сме пола екипа останати во Македонија, поради Chaos Communication Congress каде што ќе присуствуваат 9 луѓе од Македонија, редовната активност „Програмски Јазици“ се одложува оваа недела.

Во сабота (25.12.2010) ќе се одржи последното Сподели Знаење за оваа (2010) година почнувајќи од 12:30 часот па до онолку колку што ни се седи.

Планот за оваа сабота е :

* Мигрирање на ZNC IRC Bouncer софтверот од локалниот сервер на VPS сервер.
* Инсталирање на Убунту 7.04, верзијата наменета за средношколските компјутери, на компјутерот во хаклаб
* Експериментирање со Firefox 3.6.x на истата дистрибуција (ова веќе се дискутираше на мејл листа)
* Ќе пробаме да направиме .deb пакет за автоматска инсталација на firefox 3.6.x наменето за Убунту 7.04

Ќе пробаме да оствариме стрим од нашата екипа на CCC па да видеме што се случува и во Берлин.

И се разбира доколку ни остани време ќе дискутираме за сѐ она што ни падне на ум, електроника, програмирање, хардвер, софтвер, програмирање етц.

Воедно ќе јадиме наполитанки и ќе пиеме сок или што било доколку некој донеси нешто друго.

Се гледаме во сабота за новогодишното Сподели Знаење !!!1!„“$%

No comments:

Post a Comment