Сподели Знаење, 04.12.2010

Оваа недела на менито имаме ардуино хакирање и поправка. Ќе пробаме да поправиме едно намерно *расипано* ардуино како и едно кое што не работи.

Продолжуваме со изработка на проектот за speed-o-meter (http://wiki.lugola.net/Хаклаб/Проекти) за кој што ќе го направиме софтверскиот дел и доколку се снајдеме со волтметар/амперметар и хардверскиот дел.

На крај би требало да добиеме нешто вакво :

Потоа доколку имаме време ќе пробаме да претвориме едно ардуино во AvrISP In-System-Programmer и да испрограмираме AtTiny2313 чипче со него.

Се разбира, во меѓувреме секакви рандом муабети се возможни.

Се гледаме утре.

No comments:

Post a Comment