Овој четврток, Sita Sings the Blues во Ла Кања

Минатата недела требаше да го даваме филмот во рамките на DYI фестивалот, на кој се претставија неколку други организации, но од XY причини тоа не се случи. Тоа сепак го поправаме овој четврток, во Ла Кања во стара чаршија од 8 часот, Compressor не поканува на реванш:

Поради тоа што не стигнавме да го проектираме филмот Sita Sings the Blues на фестивалот „Средства без цел знаење без цена“, овој четврток во Ла Кања ќе имате можност да го погледнете филмот кој го преложи екипата на Слободен софтвер, воедно да упатиме и големо извинување за потфрлувањето во организацијата од наша страна.

Филмот кој ќе го гледаме е Sita Sings the Blues на Nina Paley, анимиран музички филм, реинтерпретација на индискиот еп Рамајана, кој се фокусира на жената на Рама, Сита и нејзината страна од приказната.

А доколку ги имате слободни следните 15 минути, може да го погледнете и следново видео во кое авторката говори за мотивот да го сними (нацрта) Sita Sings the Blues, како и за проблемите со copyright со кои се соочила кога сакала да го прикажува.

(The Revolution Will Be Animated)

Се гледаме утре, четврток, 16 септември 2010, од 20 часот во Ла Кања (стара чаршија)

No comments:

Post a Comment