Ден на слободен софтвер 2010

Денес е денот на слободниот софтвер 2010. Во хаклабот КИКА се редовните активности на СподелиЗнаење. Други настани нема низ градот.

Но, тоа не значи дека не може да се потсетиме дека локалната заедница на слободен софтвер уште од 2004 година почна со организирање на настани што го одбележуваа овој ден.

Еве ги вестите од викито за слободен софтвер:

28 август 2004 година

Се одржа првиот ден на слободен софтвер во Скопје. Во градскиот парк и на плоштадот беа поделени околу 500 дискови со слободен софтвер.

23 септември 2004 година

Прославен е првиот ден на слободен софтвер на Битола, иако точниот датум е на 21 септември, поради координација со останатите прославата се случи тогаш. Овој настан беше една од помасовните промоции на Лугола и прв настан организиран од групата.

11 септември 2005

Одржан денот на слободниот софтвер во Скопје.

1-30 септември 2006 година

Лугола го реализира проектот „Септември 2006 - месец на GNU/Linux во Битола“, заедно со фирми и лица блиски на групата. Како дел од многуте активности низ целиот септември се одржаа презентации, предавања, инсталациони фестивали, како и прослава на Денот на слободен софтвер на Битола - 21 септември, каде учество зедоа личности од Битола и гости од други градови.

15 септември 2007 година

Денот на слободниот софтвер 2007 беше одбележан во Скопје и Прилеп. Настанот во Скопје се одржа во културниот центар Точка, кафе книжарницата Магор и националната галерија Мала Станица. Фотогографии има на http://www.flickr.com/photos/skopjesfd2007/ http://www.picasaweb.google.com/dimeski.kiril/SoftwareFreedomDay200715September а други материјали на http://spodeliznaenje.blogspot.com/search/label/sfd2007.

4 октомври 2008 година

Во Скопје беше одбележан Денот на слободниот софтвер 2008, со мало задоцнување во однос на официјалната прослава. Сепак, одбележувањето беше достојно. Повеќе на: http://spodeliznaenje.blogspot.com/2008/10/2008.html

No comments:

Post a Comment