Mozilla Summit 2010, ден 2,

Вториот ден на самитот помина во претсавување на тоа како се прават работие (како firefox) за кои е заслужна Мозила.

Во првите сесии речиси сите зборуваа за учеството на заедницата во развојот на сѐ што прави Мозила, почнувајќи од l10n, преку маркетинг, па се до Personas. Некои од водечките луѓе од Маунтаин вју сметаат дека движењето околу Мозила за отворен интернет треба да опстане како Црвениот крст или извидниците - стотина години - и да има стотици милиони членови. Целта е амбициозна иако не сум убеден дека планирањето на таков статус во иднината е на место.

Мичел Бејкер зборуваше за тоа како Мозила треба да води во сите нови работи што се случуваат на интернет и дека треба да прифаќа и поттикнува промени и иновација. Стабилната состојба на Мозила - рече таа - е постојано движење и нерамнотежа. Патем, добивме и преглед на тоа како Мозила од проект што развива слободен софтвер се претворил во проект што испорачува потрошувачки производ на пазарот.

По ова следеа повеќе различни презентации од кои ја следев таа за тоа што Мозила може да научи од други движења. Имаше интересни паралели со движењата за фер трговија, за анонимни алкохоличари, извидници и сл.

Сега во тек e science fair кој го пропуштам по малце ради интернет и базен, а потоа следи world expo каде македонците ќе се претстават со ора и песни во flac формат. :)

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.