Mozilla Summit 2010, ден 1, отварање, keynotes (дополнето)

По пријатниот доручек (сега овде е 11:30 претпладне) самитот започна со презентации од водечките луѓе од Мозила. Не успеав да ги запамтам имињата на сите што презентираа, но нивните зборови може да се сумираат во тоа дека Мозила како организација и произведувач на технологија за интернет останува посветена на овозможувањето на избор за корисниците и истовремено на промовирање на отворените стандарди на интернет.

Тристан Нитот го повтори примерот за iPod (дека купувате уред, а останувате заглавени во iTunes и веб продавницата) за да објасни дека секој софтвер има агенда и дека секој софтвер влијае на однесувањето на луѓето. Во таа смисла, агендата на Мозила е да биде на страната на корисниците за тие да можат да бидат слободни на интернет. Слично зборуваа и Мичел Бејкер и Џеј ... со посебно потенцирање на тоа дека корисниците треба да имаат избор и контрола над своите податоци, а програмерите слобода да хакираат со сите технологии.



Дел од презентациите што следеа беа демоа за Firefox 4. Некои од нив ги видовме на балканскиот собир во мај во Скопје (како tab candy), jetpack и слично.

Потоа имаше некои презентации за аудио, видео и HTML5 кои беа зачудувачки. Не би можел да ги опишам и раскажам, а некои делови за новите технологии на кои што работат во Мозила не ни успеав да ги разберам (Servo, Rust).


Главната сесија заврши со презентации за новиот Account Manager и идеите за идентитетот на луѓето и прелистувачот - да се има Firefox во кој пристапот до пријателите и нивните содржини ќе биде лесно овозможен без разлика кои веб сервиси ги користат тие.

Сѐ на сѐ беше интересно и можеби ќе напишам повеќе кога ќе ми се втопат впечатоците. Одам на фудбал. :)

Дополнето: Попладневните сесии ги поминав на презентациите за l10n и новата инфраструктура што ја спремаат луѓето од Мозила. Изгледа фенси, нашминкано, но останува да се види и колку ќе биде корисен новиот портал што е во фаза на изработка.

Еден дел, повторно за drumbeat и локалните заедници, организирање на настани и слично. Ништо ново. Кој прави сподели знаење - знае.

No comments:

Post a Comment